Wednesday, November 16, 2011

Códigos

Овие правила (códigos) служат за да ни помогнат да избегнеме непријатни ситуации и да можеме непречено да уживаме во магијата на тангото. Тие не се направени за да направат некому да се чувствува недобредојден, туку да ја ограничат можноста од непријатности кои може да ни го расипат доброто расположение.

Некои мислат дека ова се правила до кои треба да се придржуваат само другите, а не и самите тие. Други пак, сметаат дека ваквите правила важат само за милонгите кои се одржуваат во Буенос Аирес. Ги покануваме сите нив да се обидат да ги почитуваат за да ја сфатат разликата, за да увидат која е потребата од постоење на вакви правила.

Ние ги почитуваме овие правила без оглед на тоа дали сме почетници или искусни.

  • CabaceoМажот ја поканува жената. Секогаш кога е можно ние го користиме овој начин на поканување. Cabaceo е согласување да се танцува заедно преку суптилно движење на главата, израз на лицето, преку контакт со погледите или намигнување. Жената одговара соодветно, доколку прифаќа, или ја врти главата настрана, доколку одбива. Тоа може да се случи без да забележи никој освен оној за кого е наменето - со тоа и двајцата може да ја избегнат непријатната ситуација на одбивање.
  • Откако преку cabaceo е договорен танцот, мажот застанува на работ на подиумот во близина на масата на жената и чека партнерката да му се придружи.
  • Поискусните парови танцуваат на работ на подиумот, почетниците во средината. Средината не е за вежбање, за тоа служат практиките. На милонга ние уживаме.
  • Кога танцуваме ние не го мешаме социјалното танго и сценското (начинот на кој танцуваат популарните сценски парови)
  • На крајот од тандата мажот ја придружува жената до нејзинта маса. Често девојката танцува со затворени очи, па кога ќе ги отвори лесно може да се случи таа да е дезориентирана.

На подиум

  • Танцуваме во круг, спротивно од стрелките на часовникот. Линијата на танцот (ronda) оди по рабовите на подиумот.
  • Остануваме во рондата се додека трае песната. Ние не танцуваме цик-цак, со излегување од линијата на танцот.
  • Избегнуваме да го престигнуваме парот што е пред нас во рондата.
  • Во текот на милонгата на партнерот (ниту на било кој друг) не му даваме, ниту бараме, инструкции или совети како да се танцува. За тоа постојат практики. Милонгата е настан за опуштање и уживање, настан на кој не треба да се обрнува внимание на она што е погрешно.
  • Во текот на танцот нозете треба да бидат што поблиску на подот. Ние не правиме болеа на полн подиум. Тоа ни помага да нема повреди поради високо кренати штикли.
  • Машките никогаш не прават чекор назад во линијата на рондата затоа што не може да видат каде се наоѓа следниот пар. Ако веќе мора да направиме чекор назад, пред тоа да го направиме, се ротираме за чекорот назад да го направиме кон средината на рондата.
  • Ние го почитуваме просторот на другите: не се враќаме назад затоа што не знаеме што има зад нас и не одиме преблиску до парот пред нас зашто не сакаме да им правиме притисок.
  • Додека танцуваме постои многу малку простор околу нас кој може да го сметаме за свој. Остатокот е простор што го делиме со другите. Од секого од нас се очекува да го почитуваме тоа.
  • Ние не го вознемируваме танцот на другите. Внимаваме да танцуваме во линијата и да не го прекинуваме нормалниот тек на сообраќајот. Почитуваме ако, оние што во текот на танцот сакаат да застануваат за да прават статични фигури, тоа го прават во средината на подиумот.
  • Доколку, и покрај внимателноста, се случи паровите да се судрат, пристојно е мажот (кој е одговорен за ориентацијата на парот) да му даде извинување на мажот од другиот пар со движење на раката или со климање на глава.

Извор: Tango Códigos & Milonga Floorcraft