Friday, October 15, 2010

Блог cabeceo

Некој пред Нова година да ми кажеше дека ќе играм танго ќе помислев дека ме зафркава. Никогаш не сум бил љубител на танцување. На журки јас сум типот што стои покрај масата со грицки. На прсти можам да избројам кога сум танцувал... се до февруари годинава. Ана, фала што ме зарази :) Ти дужам.

Зошто блог за танго? Досега сите мои дилеми, белешки и заклучоци за тангото и целата фама околу него ја постирав каде што ќе стигнев, на .аНТИблог, на Facebook, во мејлови, по месинџери, а да не зборам колку луѓе удавив на маса по кафани, кафулиња, плажи, тераси, седишта во автобус... Исто така хаотично расфрлани се и моите белешки од двете работилници на кои сум бил, и трите сета часови кои сум ги земал, од сајтовите што сум ги посетувал, клиповите што сум ги изгледал... Затоа сето тоа решив да го соберам овде, топтан да им го понудам на сите кои сакаат нешто да читнат. Не велам дека нешто може да научат затоа што се уште немам право на тоа. Првпат почнав да танцувам на 27 февруари. Значи пред неполни 8 месеци.

Ако она што ќе го прочита овде некому му користи, баш ќе бидам среќен, ако не, ќе може да види со кои дилеми се соочува еден милонгеро во Скопје.

И да, се надевам еден ден ќе може да напишам пост што ќе почнува отприлика вака: „Синоќа на мојата прва милонга од мојот престој овде во Буенос Аирес...“ :)

abrazos до следниот пост

1 comment:

  1. Aj cestito nov blog! Ova e mal cekor za Ivica, no golem za Tango-scenata vo Makedonija :) nemalo dosega skopskmakedonski tango-blog.

    ReplyDelete